spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаКовачевски: Граѓаните би плаќале пет пати повисоки сметки за струја да не...

Ковачевски: Граѓаните би плаќале пет пати повисоки сметки за струја да не се субвенциите

Во Северна Македонија шестотини илјади домаќинства се снабдуваат со субвенционирана струја, како и седумдесет илјади компании кои се на регулираниот пазар. Ако Владата не субвенционира 80% од цената на струјата, сметките на граѓаните би биле пет пати повисоки, рече во интервју за НРТВ, претседателот на Владата Димитар Ковачевски.

„Во моментов Северна Македонија со субвенционирана струја снабдува шестотини илјади домаќинства во државата и седумдесет илјади компании коишто се на регулираниот пазар, со 80% субвенционирање на цената на електрична енергија. Тоа значи дека доколку не е тоа субвенционирање, цената на електричната енергија која би ја плаќале граѓаните и компаниите на регулираниот пазар би била пет пати повисока“, рече премиерот во интервјуто на НРТВ.

Ковачевски истакна дека Владата води интензивни преговори со земјите од соседството и други држави за да се обезбеди електрична енергија по поволна цена за стопанството, големите потрошувачи. Во државата пак со полн капацитет работат државните електрани.

„Направивме состаноци со сите соседни држави со цел да се овозможи непречен проток на енергенси. Со Република Грција за непречено снабдување со јаглен и со мазут, бидејќи мазутот доаѓа од Грција во Северна Македонија. Со Република Албанија за непречен проток на јаглен исто така, бидејќи и таму има наоѓалишта на квалитетен јаглен. Сега ќе отпочне со работа вадењето на руда од рудникот Живојно. Ги активиравме капацитетите коишто порано не беа користени за електрична енергија, Осломеј, ТЕЦ Неготино. На барање на Стопанската комора и други стопански комори веќе разговаравме со Република Бугарија да нема прекинување на меѓународните конекции за електрична енергија во текот на зимата. Во изминативе 10 години, на три пати се има случено тоа, при недостаток на електрична енергија да има прекин на меѓународниот транзит на електрична енергија. Исто така разговараме и со Република Србија, со Република Бугарија, со Република Турција за обезбедување на електрична енергија по цени кои ќе бидат соодветни на нашето стопанство“, истакна премиерот Ковачевски.

Претседателот на Владата, додаде дека во моментов се одвиваат состаноци, во кои е вклучен и претседателот на Стопанската комора, за изнаоѓање решенија, за компаниите да се обезбеди електрична енергија по поевтина цена од онаа на светските берзи.

 

 

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

МОН: Конкурс за доделување на средства на домашни научни истражувачи за...

0
Врз основа на член 50 став 1 од Законот за научно-истражувачката дејност („Службен весник на Република Македонија“ бр. 46/08, 103/08, 24/11, 80/12, 24/13, 147/13, 41/14, 145/15, 154/15, 30/16 и  53/16 ), член...