1,1 милијарда денари за континуирано снабдување со топлинска енергија; Утврден Предлог-закон за прогласување на Студенчишко Блато за заштитено подрачје

Влада1,1 милијарда денари за континуирано снабдување со топлинска енергија; Утврден Предлог-закон за...

Најчитано

Владата на Република Северна Македонија, на денешната седница одобри средства за ликвидно работење на друштвата и континуирано снабдување со топлинската енергија на потрошувачите на Град Скопје.

Беше донесена Одлука за одобрување 1,1 милијарда денари за набавка на енергенси, пред почетокот на грејната сезона, на АД за производство на електрична енергија „Електрани на Северна Македонија“, во државна сопственост, Скопје, согласно Одлуката за постоење на кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија.

Со преземените соодветни мерки од страна на Владата се обезбедува непречено снабдување со топлинска енергија на градот Скопје и сигурност и стабилност при испораката на топлинска енергија до потрошувачите за време на годинешната грејна сезона.

Владата откако го разгледа, го утврди Предлог-законот за прогласување на Студенчишко Блато за заштитено подрачје – Парк на природата, кој ќе биде испратен во Собранието на натамошно одлучување.

Со донесување на Закон за прогласување на Студенчишко Блато за парк на природата ќе се овозможи:
зачувување на природната состојба на локалитетот Студенчишко Блато преку заштита на природните и други вредности;
спречување на дејствија што можат непосредно или посредно да предизвикаат нарушување на живеалиштата и  екосистемите;
создавање на поволни услови за заштита, зачувување и унапредување на биолошката и пределската разновидност;
одржливо користење на природните ресурси на начин на кој не се загрозува опстанокот на живеалиштата и видовите.
Блатото Студенчишта претставува последен глацијален реликтен остаток на блатната вегетација во нашата држава, развиен за време на периодот на плеистоценот и е во загрозена состојба заради присуство на депонија, прекината комуникација со езерото, палење и уништување на блатната вегетација и формирање на обработливи површини.

Денеска, Владата ја разгледа Информацијата со план за активности за зголемување на приходите за 10 проценти и намалување на расходите за 20 проценти пристигната од АД „Водостопанство на Република Северна Македонија“, за која на една од претходните седници беше упатено барање од Владата за појаснување околу утврдувањето на зголемувањето на надоместокот на услугите и беше упатено барање за ревидирање на платите до АД „Водостопанство“.

Беше донесен заклучок со задолжување Управниот одбор да го раскине менаџерскиот договор со директорот и во иднина сите нови договори да се склучуваат со претходна согласност со Министерството за финансии.

Надоместоците за членовите на Управниот одбор во наредните 12 месеци да се намалат за 50 проценти.

Во насока на намалување на расходите, Владата го задолжи АД „Водостопанство“ да ги намали капиталните инвестиции во износ од 100 милиони денари со што се намалува финансискиот план за износот кој што е предложен од нивна страна.

Денеска, пред членовите на Владата за разгледување се најде и Информацијата за почеток на изработка на нов Национален план за управување со квалитет во јавниот сектор во Република  Северна Македонија 2023-2025 година подготвена од Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА).

Новиот Национален план произлегува од потребата да се подобрат услугите што владините институции ги нудат со изградба на ефикасен, модерен и транспарентен граѓански сервис што ќе обезбеди висок квалитет на работа, како еден од главните приоритети на Владата на Република Северна Македонија и е согласно активностите предвидени во Стратегијата за реформа на јавната администрација и Акцискиот план (2018-2022).

Подготовката на нов Национален план за управување со квалитет во јавниот сектор во Република Македонија за периодот 2023-2025 година, Министерството за информатичко општество и администрација го започна со поддршка на Регионалниот центар за управување со квалитет од Регионалната школа за јавна администрација (ReSPA).

Воведувањето и постигнувањето на норми на извонредност ќе обезбеди поуспешно спроведување на сите тековни реформски иницијативи, особено во процесот на европска интеграција, за што е потребен добро развиен капацитет, модерно и ефикасно управување и навремено остварување на поставените цели.

Имплементацијата на Националниот план за управување со квалитет во јавниот сектор во Република Македонија за периодот 2023-2025 година ќе изврши големо позитивно влијание врз целокупниот систем на јавна управа и ќе придонесе кон постигнувањето на модерна, ефикасна и професионална администрација и подобри услуги за граѓаните.

Ваквите иницијативи и модерни практики во примената на меѓународните стандарди за квалитет во управувањето се очекува во иднина да бидат интегриран во сите владини политики и да станат императив во сите јавни институции.

Информацијата за преземените мерки на Министерството за животна средина и просторно планирање за подобрување на состојбата со нивото на водостојот на акумулацијата „Тиквешко езеро“ која беше усвоена денеска ги содржи деталите за состојбата поврзани со оваа акумулација.

Преземените краткорочни и долгорочни мерки и активности за соодветното управување со водните ресурси на акумулацијата, имаат за цел, обезбедување на пооптимална состојба на акумулацијата и задоволување на потребите на субјектите чии дејности зависат на зафаќање вода или на друг начин се поврзани со Тиквешкото езеро.

Договорено е сите субјекти кои користат вода од акумулацијата, да се придржуваат на условите пропишани во дозволата за користење на вода и заеднички да работат на одржување на нивото на водата на Тиквешката акумулација на оптималното ниво.

На денешната седница беше донесена Одлука за издавање на хартии од вредност на германскиот пазар, обврзница позната како НСВ (NSV-Namensschuldverschreibungen“), во износ од 250 милиони евра.

Овој инструмент со својата каматна стапка и рок на доспевање е најдобрата опција за портфолиото на јавен долг, односно каматната стапка изнесува 3,75% плус шест месечен ЕУРИБОР, со рок на отплата од три години и 18 месеци грејс-период.

НСВ е инструмент кој обично го издаваат висококвалитетни клиенти со стабилен инвестициски кредитен рејтинг, а хартиите од вредност се купени од страна на германски инвеститори. Како регистрирана хартија од вредност, од страна на Дојче банка до сега е издадена во Република Полска, Ирска, Белгија, Кралството Шпанија. Овој финансиски инструмент покрај Дојче банка го издаваат и KFW, IBRD, EIB.

 

 

 

Извор: Влада

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе