Карпош: Целосна реконструкција на улицата Козле 10

ОпштиниКарпош: Целосна реконструкција на улицата Козле 10

Најчитано

Водејќи се според планираните работни активности на Одделението за комунална инфраструктура при Општина Карпош, денеска започнаа подготовките за асфалтирање на улицата Козле 10 која се наоѓа во населбата Нерези. Имено, целосно ќе бидат реконструирани двата крака од оваа улица и тоа првиот крак во должина од 108 метри, додека пак  вториот крак ќе добие нова асфалтна подлога во должина од 316 метри. Целиот процес ќе се одвива во неколку фази кој подразбира првенствено машински ископ, потоа тампонирање на подлогата, а во завршната етапа ќе следува поставување на нов асфалт.

 

Во состав на патната инфраструктура се предвидува и монтирање на рабници во вкупна должина од 490 метри. Изведувач на градежните работи е фирмата „ОСД Кирил“ Дооел, а надзорот ќе го врши ДГУ „Урбан Стил Инженеринг“. За оваа инвестиција, локалната самоуправа од својот Буџет ќе обезбеди финансиски средства во висина од 2.182.285 денари.

По тој повод, градоначалникот Стевчо Јакимовски направи увид во градежните активности на теренот.

 

  • Конечно ќе започнеме со процесот на асфалтирање на оваа улица, откако претходно во 2017 година заедно со Градот Скопје го покривме каналот на оваа локација. Станува збор за коловоз со вкупна должина од 424 метри, а најважно е што жителите од овој реон повеќе нема да газат низ калливи улици. Ние продолжуваме со нашите активности особено во ова населено место, каде што сметаме дека е потребно да ги подобриме инфраструктурните услови во корист на нашите сограѓани – истакна Јакимовски.

 

 

 

Извор: Општина Карпош 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе