spot_img
spot_img
spot_img

МНР: Средба Османи – Кулубаев

Must Read

Министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи, на маргините на 77-то Генералното собрание на ОН, оствари средба со Министерот за надворешни работи на Киргистан, Кулубаев Жинбек.

На средбата стана збор за  актуелните  глобални безбедносни предизвици, при што Кулубаев ги претстави видувањата на Киргистан во однос на неодамнешните вооружени судири на границата меѓу Киргистан и Таџикистан.

Министерот Османи ги поздрави постигнатиот прекин на огнот и последователните напори за мирно решавање на кризата.

Истовремено, посочи дека Севeрна Македонија како членка на ОБСЕ Тројката и иден претседавач го поддржува ангажманот на полското претседателство и генералната секретарка за намалување на тензиите и стабилизација на состојбата.

 

 

 

 

 

Извор: Министерство за надворешни работи 

- Advertisement -spot_img

Latest News

Џафери: Се најде решение за учениците од Медресето Иса Беу во Скопје

Денес, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, имаше средба со Реисул -Улемата на Исламската верска заедница...
- Advertisement -spot_img

More Articles Like This

- Advertisement -spot_img