МНР: Средба Османи – Урејола

МинистерстваМНР: Средба Османи - Урејола

Најчитано

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на маргините на 77-то заседание на Генералното Собрание на ОН, оствари средби со министерката за надворешни работи на Чиле, Антонија Урејола.

На средбата беа разгледани билатералните односи, при што Османи ги истакна заложбите за  унапредување на соработката на полето на културата, економија, трговијата и инвестициите. Воедно, беа истакнати заемните заложби за динамизирање на бизнис релациите како област со потенцијал за развој на соработката во периодот што следи.

Соговорниците ги разгледаа можностите за забогатување на договорната рамка и потребата од динамизирање на соработката во рамки на мултилатералните организации.

Воедно, беа разменети мислења за надворешно-политичките приоритети на двете земји, како и  за актуелните меѓународни прашања и регионални теми.

 

 

 

Извор: Министерство за надворешни работи 

ПРЕТХОДНА ОБЈАВАМНР: Соопштение
СЛЕДНА ОБЈАВАМНР: Средба Османи – Чавушоглу
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе