spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТСП: Новиот Закон за работни односи ќе обезбеди поголема сигурност во остварувањето...

МТСП: Новиот Закон за работни односи ќе обезбеди поголема сигурност во остварувањето на работничките права

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во гостување на Топ Тема за ТВ Телма рече дека новиот Закон за работни односи е системски закон и устав за работничките права. Тој ќе обезбеди поголема сигурност во остварувањето на работничките права.

„Новиот Закон е во завршна фаза и очекуваме во месец ноември да излеземе на јавни дебати со  вклученост на сите страни. Го работиме низ социјален дијалог со синдикатите и работодавачите, кој треба да биде усогласен со европските права и со конвенциите ратификувани со МОТ. Новина се договорите на определено време, на кои важноста сега им е 5 години. Предлогот на  синдикатите е намалување на 1 година, а на работодавачите 3 години. Верувам дека ќе се најде компромис“, истакна Тренчевска.

 

 

 

Извор: Министерство за труд и социјална политика 

Прочитајте

Велес: Ракометно игралиште во Градскиот парк со нови трибини

0
Почнаа градежните работи за поставување на нови трибини на ракометното игралиште во Градски парк. Ќе се постави нова конструкција и седишта со што овој...