spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТСП: Продолжуваме со зголемување на капацитетите на домовите за стари лица

МТСП: Продолжуваме со зголемување на капацитетите на домовите за стари лица

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска,  заедно со градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски, потпишаа договор за соработка помеѓу Министерството за труд и социјална политика и Општината. Исто така беше потпишан и договор за групни набавки и реконструкција на Домот за стари лица „Иван Влашки“ во Берово со што ќе се зголеми капацитетот за 28 корисници.

„Соработката со Општина Берово секогаш вродува со плод. Со потпишувањето на договорот ја зацврстуваме нашата соработка. Апелирам до сите општини да го следат примерот на Берово и на градоначалникот“, рече Тренчевска.

Со потпишаниот договор се уредува соработката и делувањето за активности од јавен интерес за унапредување, промоција и поддршка на политиките за развој на социјалните услуги на локално ниво и подобрување на квалитетот и пристапот на услугите согласно потребите на граѓаните во социјален ризик и социјална исклученост.

Договорот за јавни набавки изнесува 14.165.699,40 денари вкупна вредност со ДДВ, а средствата ќе бидат наменети за градежни работи со што објектот на Домот за стари лица „Иван Влашки“ ќе биде реконструиран и адаптиран за поквалитетен живот на старите лица кои престојуваат во него. Финансиските средства се во целост обезбедени од страна на Министерството за труд и социјална политика.

Градоначалникот на крајот од средбата се заблагодари за можноста за соработка.

 

 

 

 

Извор: Министерство за труд и социјална политика 

Прочитајте

Карпош: Прв „хотел“ за згрижување на диви пчели

0
По повод одбележување на Денот на планетета Земја во населбата Карпош 3, претставници на невладината организација ТАКТ во соработка со Општина Карпош го поставија...