spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТСП: Ставот на Владата е јасен, ќе имаме нов општ договор за...

МТСП: Ставот на Владата е јасен, ќе имаме нов општ договор за јавниот сектор, носиме системски решенија

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во  гостувањето на Топ Тема на ТВ Телма рече дека социјалниот дијалог со синдикатите е жив и тој продолжува. Во рамки на тој дијалог се носат најдобрите решенија за работниците.

 

„Едно од првите решенија беа измените на законот за минимална плата. Во 2017 година минималната плата беше 9000 денари, денес е 18.000 денари. Тоа е двојно зголемен плати и двојно повисоки приходи за работниците“, рече Тренчевска.

Министерката рече дека новиот општ колективен договор на кој се работи, ќе обезбеди поголеми права за работниците. Новата методологија ќе обезбеди постојан раст на платите на вработените во јавниот сектор. Системско решение кое нема да зависи од ничија политичка волја.

Во врска со член 8 на кој се повикуваат синдикатите, министерката посочи дека тој е вон сила, затоа што е во преодни и завршни одредби, а тоа значи дека важел за време од 6 месеци кога се донел законот.

Министерката информираше и дека новиот општ колективен договор за јавниот сектор ќе биде потпишан до крајот на годината.

 

 

 

Извор: Министерство за труд и социјална политика 

Прочитајте

Ѓорче Петров: 40.000 садници засадени за зелена општина

0
Општина Ѓорче Петров спроведе масовна акција за пошумување во атарот на село Кучково, со која се опфатени опожарените површини од пред неколку години....