spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКисела Вода: Советничката Нанкова на студиска посета за родова еднаквост во Шведска

Кисела Вода: Советничката Нанкова на студиска посета за родова еднаквост во Шведска

Татјана Нанкова, советник и претседателка на комисијата за еднакви можности во општина Кисела Вода, минатите неколку денови беше дел од студиска посета на Малме Шведска, во рамки на програмите кои ги организира “NDI“.

 

Советничката Нанкова и советниците од десет македонски општини, имаа можност да се сретнат со избраните советници и администрацијата од Малме  и да се запознаат со родовите услуги за нивните граѓани.

 

-Шведска е пример како функционира стабилен, граѓанско ориентиран систем. Државата има силен здравствен и социјален систем кој овозможува еднакви можности за мажите, жените и децата. Тука спаѓат можноста за економска самостојност на жените, максимална здравствена заштита со посебен акцент врз заштитата на деца, жени и мажи, жртви на семејно насилство. Потребите на граѓаните се од исклучително значење за сите избрани функционери, без оглед на нивната партија, етничка или верска припадност. Повеќе време посветивме на дискусија за програмите за обука дизајнирани од Општината кои се базираат на потребите на компетенциите на јавниот и приватниот сектор со цел да обезбедат вработување на жителите. Новостекнатите знаења и искуства се мошне значајни за нас, како советници, кои од една страна сме избрани и ги претставуваме граѓаните, а од друга страна преку нашиот глас во Советот, имаме можност директно да влијаеме врз донесувањето на одуките. Оттука, оваа посета беше крајно ефективна и знаењата ќе можеме директно да ги примениме во подобрувањето на капацитетите и услугите на општините од кои доаѓаме- истакна советничката во Советот на Општина Кисела Вода, Татјана Нанкова.

 

 

 

Извор: Општина Кисела Вода 

Прочитајте

Јегуновце: Работна посета низ повеќе населени места

0
Градоначалникот на општина Јегуновце беше на работна посета низ повеќе населени места во општина Јегуновце каде направив увид на започнати проекти: Во завршна фаза е...