spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Министерот Алити на Конференција на ITU (Меѓународна телекомуникациска унија) во Букурешт

МИОА: Министерот Алити на Конференција на ITU (Меѓународна телекомуникациска унија) во Букурешт

На маргините на Генералната конференција на ИТУ што се одржува во Букурешт, Романија, министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити се сретна со Мариус Скуодис – министер за транспорт и врски на Литванија, како и со Томас Ламанускас – кандидат за заменик генерален секретар на ИТУ.

На оваа средба се разговараше и разменуваа искуства поврзани со развојот на дигитализацијата, вклучително и ангажман и проекти во оваа насока.

Министерот Алити и соговорниците ги истакнаа областите на соработка и размената на практики кои ќе помогнат во процесот на унапредување на дигитализацијата во нашата земја, а воедно ќе ги зајакнат односите меѓу двете земји.

 

 

 

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација

Прочитајте

Гевгелија: Акција за чистење на одводните канали во градот и населените...

0
Во тек е акцијата за чистење на одводните канали во градот и населените места. По изборот на економски оператор, се чистат одводните канали и...