МТСП: Работиме на системски и трајни решенија за предизвиците со кои се соочуваат лицата со попреченост

МинистерстваМТСП: Работиме на системски и трајни решенија за предизвиците со кои се...

Најчитано

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска вчера се сретна со претставници на Здружението на слепи лица од Штип. На средбата се разговараше за предизвиците со кои се соочуваат лицата со попреченост, како и за можностите за унапредување на нивниот живот.

 

„За справување со предизвиците секогаш треба да се користиме со правните и законски механизми. Здруженијата во нашата држава имаат целосна слобода и се независни од Владата, ние сме тука за да бидеме сигурни дека законот се почитува затоа што демократијата на оваа Влада и е на прво место“, рече Тренчевска во дискусијата со претставниците.

Тие разговараа за правата и услугите кои ги нуди државата како и нивната важност во унапредувањето на квалитетот на живот на слепите лица.

Тренчевска посочи дека Владата и здруженијата треба заедно да се залагаат во насока на обезбедување на соодветно вработување на лицата со попреченост. Со овие заложби ќе добијат економска независност и нема да се потпираат на правата од социјалната заштита, туку ќе бидат економско обезбедени.

„Работиме на системски и трајни решенија за предизвиците со кои се соочуваат лицата со попреченост. Од особена важност за мене е да најдеме начин како континуирано да го унапредуваме квалитетот на живот на слепите лица“, дополни Тренчевска.

 

 

 

 

Извор: Министерство за труд и социјална политика 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе