spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТСП: Соработката со УНИЦЕФ е од особена важност и интензивно продолжува и...

МТСП: Соработката со УНИЦЕФ е од особена важност и интензивно продолжува и во наредниот период

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска се сретна со претставничката на УНИЦЕФ, Патриција Ди Џовани. Тема на средбата беа идните настани кои што ја продлабочуваат соработката на Министерството за труд и социјална политика и УНИЦЕФ.

Како главна тема беше претстојната консултација на тема „Инклузија на деца Роми“, која ќе се одржи во Атина, Грција во Октомври. На консултацијата ќе бидат присутни претставници од Република Северна Македонија, Хрватска, Албанија, Романија, Бугарија и претставници од Европската комисија. Целта е да се разменат корисни познавања во оваа област од страна на сите земји учеснички. Фокусот главно е на инклузија на децата од ромска националност во предучилишните јавни установи и домување.

Фокусот исто така беше и на Правилникот за функционална проценка за кој што Министерката Тренчевска посочи дека е завршен и се чекаат коментари од законодавството. Таа се осврна и на Стратегијата за родителство за која истакна дека е од особена важност во нашата држава.

На средбата беше отворено и прашањето за потребата на децата со комбинирани пречки од лични асистенти.

„Со законските измени кои што се веќе во процедура од месец јуни е предвидено и децата со комбинирани пречки да имаат личен асистент“, рече Тренчевска.

Министерката посочи дека коментарите и насоките се особено важни при креирањето на соодветни политики. Сите ќе бидат земени во предвид кога станува збор за креирање на политики во наредниот период.

 

 

Извор: Министерство за труд и социјална политика 

Прочитајте

Јегуновце: Работна посета низ повеќе населени места

0
Градоначалникот на општина Јегуновце беше на работна посета низ повеќе населени места во општина Јегуновце каде направив увид на започнати проекти: Во завршна фаза е...