Презентирани предлози за воспоставување на оперативна структура за Националната развојна стратегија

ВладаПрезентирани предлози за воспоставување на оперативна структура за Националната развојна стратегија

Најчитано

Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, заедно со генералниот секретар на Владата, Методија Димовски, придружувани од своите тимови, вчера, 28 септември 2022 година, учествуваа на работен состанок за Националната развојна стратегија (НРС).

На состанокот, на кој се разгледуваа предлозите за изготвување на институционална оперативна структура за следење на спроведувањето на НРС присуствуваа и претставници од амбасадата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Канцеларијата на постојаниот координатор на ОН во земјата, со чија поддршка започнаа и се реализираат подготовките за креирање на Националната развојна стратегија.

Оперативната структура на процесот ќе обезбеди вклученост на највисоко политичко, административно, научно, бизнис и општествено ниво и ќе ја води Национален совет за развој, чија главна цел ќе биде да ја креира визијата, клучните развојни насоки и стратешки развојни цели на Република Северна Македонија до 2042 година.

Овој национален документ се креира низ широк инклузивен процес, кој е консензуален, натпартиски, меѓуетнички, родово, генерациски и социјално сеопфатен во кој се консултираат сите засегнати страни во државата, вклучувајќи ги директно и граѓаните со цел да се обезбеди визијата и иднината на државата.

По примерот на развиените европски држави, кои успешно креираат различни стратегии, а притоа главниот збор го имаат граѓаните и процесот на создавање на Националната развојна стратегија е отворен за сите.

Интерактивната и инклузивна, интернет платформа  www.nrs.mk нуди информации, прашалници и анкети, како и простор за дебата и коментари на четири главни области: човечки капитал, животна средина и енергија, раст, инфраструктура и инвестиции.

Таа е место за конструктивен дијалог преку интерактивни алатки, анонимно учество во процесот преку анкети и простор за коментари, клучни информации и занимливи факти, чија главна цел е да ги поттикне сите граѓани на размислување и давање свој придонес за развој на визијата за државата за наредните 20 години.

НРС е платформа која треба да помогне и во постигнувањето на целите за одржлив развој за нашата земја и како процес којшто е комплементарен и може дополнително да придонесе за процесот на пристапување во Европската Унија.

Таа ги опфаќа сите веќе започнати процеси и планирани стратегии, синхронизирана е со тековната иницијатива МКД2030 предводена од претседателот на државата и е насочена кон подобрување на процесот на креирање на јавни политики, улогата на дигитализацијата и следствено вклучување на најновите развојни модели во нашето стратешко планирање.

 

 

 

Извор: Влада

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе