За 36 % повисоки плати во образованието, продолжуваме со зголемувањата на платите во секторите

ВладаЗа 36 % повисоки плати во образованието, продолжуваме со зголемувањата на платите...

Најчитано

„Само во основното и средното образование, како што ветивме и го остваривме зголемувањето од 15 проценти. Ако се земат предвид претходните покачувања во 2018 година од 5 проценти, во 2019 година од 5 проценти и 2020 година од 10 проценти и ова последното зголемување – се работи за зголемување на платите во образованието за 36 проценти.

 

 

 

 

 

Само за споредба, ова зголемување на платите е најголемо, доколку се спореди со платите од периодот до 2016 година, кога без услови на криза, платите на образованието беа зголемени само за 4 проценти“, посочи премиерот Ковачевски на седницата за пратенички прашања во Парламентот.

Тој соопшти дека околу 35.000 вработени во образованието, од кои 25.000 наставници и друг персонал добија зголемени плати и дополнително согласно со методологиите тоа ќе го има и во идните години. Исто така, покрај  во образованието, платите се зголемени и кај негувателите.

Претседателот на Владата, Ковачевски рече дека оваа Влада е одговорна и продолжува во континуитет да ги зголемува платите, пензиите и социјалната помош.

Тој посочи дека се зголемени платите и во индустријата и денес и во тирзовите се исплатува повеќе од минимална и просечна плата, наместо практиките од минатите години, кога работниците таму се промовираа како нископлатена работна сила.

„И во услови на незапаметена економска и енергетска криза во мандатот на оваа Влада минималната плата е зголемена 100 проценти, односно 18.000 денари. Јас кога дојдов на позицијата премиер, првата работа којашто ја направив беше зголемување на минималната плата на 18.000 денари.

Ако пред 6 години беа потребни 4,25 проценти минимални плати за да се покрие една потрошувачка кошничка, сега се потребни две минимални плати за да се покрие една потрошувачка кошничка“, рече премиерот Ковачевски.

Претседателот на Владата, Ковачевски, во оваа прилика нагласи дека со иницијативата Отворен Балкан се создаваат нови можности за работниците и ја повика опозицијата на одговорно однесување, со цел предметните закони да бидат изгласани во Парламентот.

„Јас не го гледам тука пратеникот Милошоски, кој не сака да ја закаже Комисијата за надворешни работи каде што треба да се ратификуваат договорите кои произлегуваат од соработката од Отворен Балкан. Се работи за договори каде што единствен бенефит имаат работници и компаниите. Чисти економски бенефити коишто се базираат на четирите европски слободи: капитал, стоки, услуги и луѓе. Со едниот договор се укинуваат фитосанитарните комплицирани процедури коишто постојат меѓу трите држави, Србија, Албанија и Северна Македонија, а со вториот се овозможува без дополнителни административни процедури работниците да можат слободно да работат во трите држави. Јас апелирам пратеникот да ја свика комисијата“, повика премиерот Ковачевски.

На седницата за пратенички прашања во Собранието на Република Северна Македонија, претседателот на Владата, Ковачевски рече дека „како Влада, остануваме посветени на настојувањата да продолжиме со  интензивирање на политиките за забрзан економски раст и развој на државата, преку зголемување на домашните и странските инвестиции и директната поддршка преку зголемување на платите во сите сектори, минималната и просечната плата, но и пензиите“.

 

 

 

Извор: Влада

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе