spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАМС: Европско сребро за македонскиот тим во Е-спорт

АМС: Европско сребро за македонскиот тим во Е-спорт

Второ место на ЕП и директен пласман на СП кое ќе се одржи во Бали, Индонезија во месец декември е резултатот на македонскиот петочлен тим во Е-спорт.

Ристе Нелоски, Стефан Станојковски, Горан Мамуровски, Игор Стојков и Александар Ивановски во 70-минутна борба, за влакно го изгубија златото од Украина, во конкуренција на 17 земји и 85 учесници.

 

Агенцијата за млади и спорт организираше прием по повод  одличниот пласман на македонскиот тим, кој од самото официјализирње на Е-федерацијата ниже само успеси.

Директорот Наумче Мојсовски им додели плакети за остварениот резултат потенцирајќи дека Агенцијата за млади и спорт е секогаш со оние кои ја промовираат нашата држава во најдобро светло.

 

 

 

Извор: Агенција за млади и спорт

Прочитајте

Битола: Интензивни работни активности на Јавните претпријатија

0
Поволните временски услови изминатиот викенд, овозможија непречено спроведување на работни активности на јавните претпријатија на повеќе локации. Јавното претпријатие Комуналец во соработка со Општина Битола,...