spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиДКСК: Регионална завршна конференција на Заедничката програма на Европска унија/Совет на Европа...

ДКСК: Регионална завршна конференција на Заедничката програма на Европска унија/Совет на Европа „Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција – Фаза II“

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата Билјана Ивановска и Генералниот секретар на Државната комисија м-р Ирена Поповска учествуваат на  Регионалната завршна конференција на Заедничката програма на Европска унија/Совет на Европа „Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција – Фаза II“, која на 27 и 28 септември 2022 година се одржува во Будва, Црна Гора.

На првиот ден од конференцијата, во делот на тематската работилница посветена на борбата против корупцијата, економскиот криминал и организираниот криминал, свое обраќање имаше претседателката на Државната комисија Билјана Ивановска.

Притоа, таа се осврна на активностите на Државната комисија за спречување на корупцијата во рамките на втората фаза на Проектот против економски криминал, имплементиран од страна на Советот на Европа, во рамки на Хоризонталната програма, каде што Државната комисија е еден од главните корисници на проектот.

 

 

 

Извор: Државна комисија за спречување на корупцијата 

Прочитајте

Гевгелија: Акција за чистење на одводните канали во градот и населените...

0
Во тек е акцијата за чистење на одводните канали во градот и населените места. По изборот на економски оператор, се чистат одводните канали и...