МТСП: Формализирањето на неформалната работа придонесува за подобри услови за работа и поголема социјална сигурност на граѓаните

МинистерстваМТСП: Формализирањето на неформалната работа придонесува за подобри услови за работа и...

Најчитано

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска оствари билатерална средба со Амбасадорката на Република Германија во Северна Македонија,  Н.Е Анке Холштајн и директорот на ГИЗ на Македонија, Давид Оберхубер.

На вчерашната билатерална средба министерката Тренчевска го потпиша Меморандумот за спроведување на проектот „Подобри услови за вработување на сезонските работници во Република С.Македонија“ со Давид Оберхубер, Директор на Германското друштво за интернационална соработка- ГИЗ, Амира Омановиќ, Заменичка на менаџерот на Отворениот регионален фонд за Југоисточна Европа – Модернизација на општинските услуги и Марија Ристеска, Извршна директорка на Центарот за истражување и креирање политики – ЦИКП.

Целта на Меморандумот е воспоставување на соработка за координирано спроведување на проектот „Подобри услови за вработување на сезонските работници во Северна Македонија“ и активностите и мерките за подобро детектирање и намалување на неформалната  економија и подобрување на условите за работа што ги спроведува министерството и со поддршка на ЕУ. Со координација на активностите и соработката ќе се придонесе во изработка на правна рамка, како и софтверско решение за поедноставени административни процедури за работно ангажирање на работници кои извршуваат сезонска, привремена и повремена работа  во Република С. Македонија.

Министерката Тренчевска ја истакна посветеноста на Владата на Република Северна Македонија, во борбата против неформалната економија и креирање на сеопфатни политики за вработување и пристојни работни места.

 

„Потпишувањето на Меморандумот за соработка ќе придонесе во заложбите за формализацијата на неформалната работа како краен ефект во борбата со неформалната економија. Анализите покажуваат поволен тренд на намалување на неформалната економија во државата и верувам дека овој тренд ќе продолжи како резултат на повеќе процеси што Владата и Министерство за труд и социјална политика ги преземаат за намалување на неформалната економија“, истакна Тренчевска.

Таа потенцираше дека, формализирањето на неформалната економија не е лесна задача со која ќе се постигнат брзи резултати, туку сложен и релативно долготраен процес кој бара упорност и соработка од сите засегнати страни. Исто така, истакна дека формализацијата на неформалната работа е важна за создавање на подобри работни услови на работниците кои учествуваат во нерегистрираната работа и со значителен удел во обезбедување на социјална сигурност на граѓаните и развој на економијата.

Германската амбасадорка, Холштајн истакна дека германската влада ја препознава важноста и ги поддржува напорите на земјите од регионот на Југоисточна Европа сериозно да се справат со прашањето на неформалната економија.

„Борбата против неформалната економија како и намалувањето на невработеноста придонесуваат за одржлив и инклузивен економски развој и подобрување на условите за живот на граѓаните. Тоа го поттикнува намалувањето на сиромаштијата и подобрување на системот за социјална заштита“, посочи амбасадорката Холштајн.

Соговорниците  изразија задоволство од подготвеноста на различните чинители, на регионално, национално и локално ниво за понатамошна соработка на ова поле.

 

 

Извор: Министерство за труд и социјална политика 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе