spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниВаландово: Работен состанок со Фондацијата „Фридрих Еберт“ (Friedrich-Ebert-Stiftung) – ФЕС

Валандово: Работен состанок со Фондацијата „Фридрих Еберт“ (Friedrich-Ebert-Stiftung) – ФЕС

Градоначалникот на општина Валандово, Перо Костадинов, одржа работен состанок со Директорот на ФЕС за Македонија и Косово, Рене Шле. Разговаравме за соработката на Општина Валандово и фондацијата, за важноста од јакнење на демократијата, како и за можноста за имплементација на активности поврзани со заштитата на животната средина.

Фондацијата „Фридрих Еберт“ (Friedrich-Ebert-Stiftung) – ФЕС е најстарата политичка фондација во Германија, која датира уште од 1925 година, именувана по Фридрих Еберт, првиот демократски избран германски претседател.

ФФондацијата за социјална демократија „Фридрих Еберт“ е партнер на нашето општество долги години. Заеднички, работиме на промовирање и имплементирање на европските вредности овде и стремиме кон развиено општество, втемелено на човекови права, социјална правда и солидарност.

 

 

 

Извор: Општина Валандово 

Прочитајте

Карпош: Прв „хотел“ за згрижување на диви пчели

0
По повод одбележување на Денот на планетета Земја во населбата Карпош 3, претставници на невладината организација ТАКТ во соработка со Општина Карпош го поставија...