Нови детали од аферата броило – Фирмата на Ковачевски и кумот заработила 2 милиони евра само од државни тендери

Политички партииВМРО-ДПМНЕНови детали од аферата броило – Фирмата на Ковачевски и кумот заработила...

Најчитано

Почитувани,

Соларниот картел составен од Ковачевски и кумот Паунов е создаден и почнува да врти милиони со доаѓањето на СДС на власт.

Димитар Ковачевски трајно неспособен за војска, но трајно способен за тендери, провизии и картелско здружување.

Аферата броило ни покажува како мала група длабоко вгнездена во највисоките структури на власта тргувала со влијание за стекнување на сопствена корист.

Премиерот и дезертер Димитар Ковачевски и неговиот кум Горанчо Паунов, ја основале Пиксел груп на 3.11.2017 година, 5 месеци откако СДС прави влада. Значи Заев е премиер, а СДС власт, веднаш потоа Ковачевски станува и заменик министер за финансии.

Пиксел груп основана од Ковачевски и кумот Паунов, во изминативе 5 години станува централна фирма, околу која се вртат 26 милиони евра на соларниот картел. Но, денес во аферата на дезертерот Ковачевски броило ќе презентираме нови факти.

Втората фирма која се јавува како изведувач на работи е КМГ ЕОЛ Квазар, основана од кумот на Ковачевски Паунов.

Летале државни тендери за фирмата на кумот која е дел од аферата броило. Кумот на Ковачевски дoбивал работа од државата, а денес со владата раководи токму Ковачевски.

КМГ ЕОЛ Квазар ги добива најголемиот број од договорите со државата кога на власт е СДС. И во рок од неколку години овие фирми го монополизираат пазарот.

Пиксел груп за неполна година од основањето гради фабрика во Кочани за производство на фотоволтаични панели. На отворањето е присутно цело СДС. Еве фотографии. Погледнете.

Со доаѓањето на СДС на власт почнуваат и тендерите и зделките за соларниот картел. Имено преку КМГ ЕОЛ Квазар, откако е СДС  на власт се земени 2 милиони евра државни тендери.

Се одело од крупни до најситни тендери. Па така само преку ЈКП Комуналец Свети Николе во 4 наврати КМГ ЕОЛ Квазар земала над 100 илјади евра. Еве го и доказот. Почнале со набавка од 19 илјади евра во 2018 година, за на 1.10.2019 година, да склучат договор во висина од 30 илјади евра, па на 14.10.2021 година уште еден oд 19 илјади, и да завршат со уште еден договор од 30 илјади евра на 25.10.2021 година, за целиот овој период власт во Свети Николе е СДС.

Еден од најголемите набавки кои КМГ ЕОЛ Квазар ги вршела за државен субјект се две последователни набавки од страна на ЈП Пасишта, првата од 15.11.2019  во висина од 172 илјади евра и втората двојно поголема од 16.09.2021 во висина од 343 илјади евра, еве ги набавките, склучени во време кога Ковачевски е заменик министер за финансии, односно вкупно над половина милион евра од касата на ЈП Пасишта се слеале на сметката на фирмата на кумот на Ковачевски за неполни две години.
Тендери за КМГ ЕОЛ Квазар имало и од општина Ѓорче Петров, со која фирмата склучува договор на 31.05.2021 година во висина од 48 илјади евра.

Договори се прават и со општина Чаир, еве ги и двата договори, договор Општина Чаир кој на 09.11.2021 година, склучува договор со фирмата на кумот на Ковачевски, кога тој е заменик министер за финансии во висина од 108 илјади евра.

Откако Ковачевски станува заменик министер оваа фирма склучува и договор за изградба на фотоволтаични панели со ЕВН во висина од над 2 милиони евра.

Погледнете ова се тие тендери. Власта на СДС обезбедила 4 милиони евра државни тендери и бизнис со ЕВН за фирмата на кумот и бизнис партнер на дезертерот Ковачевски.

Повторувам само од ЕВН и државни тендери кој што ги видовте, фирмата на кумот и бизнис партнер на Ковачевски добила неверојатни 4 милиони евра.

Како токму фирмата на кумот на Ковачевски била најуспешната за државните тендери?

Дали се работи за претплатени тендери и пари на граѓаните за фирмите од соларниот картел?

Шемата е јасна. Кумашинот Ковачевски управува со владата, кумот добива.

Додека народот гладува, цените растат, Ковачевски се богати. Продолжуваме во наредните денови со нови сознанија.

 

 

 

Извор: ВМРО ДПМНЕ 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе