spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаСкрининг процесот оди добро, поддршка за следните чекори во евроинтеграциите

Скрининг процесот оди добро, поддршка за следните чекори во евроинтеграциите

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, се сретна со Дејвид Гир, шефот на Делегацијата на ЕУ во нашата држава.

На состанокот е оценето дека скрининг процесот со ЕУ се одвива добро и е изразена поддршка за следните чекори на патот на евроинтеграциите на Северна Македонија, со цел непречен тек на преговарачкиот процес.

Констатирано е дека напредокот на евроинтеграциите е од значење и за квалитетот на живот на граѓаните на нашата држава и за стабилноста на Европската Унија, поради што од клучно значење се сметаат фокусот, довербата и инклузивноста на сите страни, во овој процес.

Разговарано е и за важноста од натамошно унапредување на реформскиот процес, посебно во областа на правосудството и е заеднички изразено очекување за резултати базирани на професионални капацитети, принципи и интегритет.

На средбата е разговарано и за други актуелни прашања, посебно околу последиците од војната во Украина во глобални рамки и предизвиците во енергетската сфера со што се соочуваат Европа и светот и е изразена согласност за потребата од солидарен пристап при разгледувањето можни решенија.

 

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Битола: Интензивни работни активности на Јавните претпријатија

0
Поволните временски услови изминатиот викенд, овозможија непречено спроведување на работни активности на јавните претпријатија на повеќе локации. Јавното претпријатие Комуналец во соработка со Општина Битола,...