spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМаркетингУчество на Генералниот директор на ИутеКредит Македонија д-р Горан Василев на панел...

Учество на Генералниот директор на ИутеКредит Македонија д-р Горан Василев на панел дискусијата Finance talks

На Finance talks панел дискусија со наслов „Придобивки од имплементација на европските законски решенија во домашниот финансиски сектор“ беа посочени постоечките предизвици со кои се соочува финансискиот свет во земјата, како и чекорите кои се потребни за да се обезбеди стабилен и праведен финансиски пазар.

Своето искуство и експертиза го изнесоа истакнатите говорници, Министерот за финансии Г-дин Фатмир Бесими, Претседателот на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје м-Бранко Грегановиќ и Генералниот директор на ИутеКредит Македонија, д-р Горан Василев.

На панел дискусијата се истакна потребата за хармонизација на домашните правни прописи со оние на Европската Унија и се потенцираше важноста од заедничката соработка и вклучувањето на сите чинителни во финансискиот свет во процесот на изнаоѓање на иновативни решенија.

Се утврди заклучокот дека за унапредување на домашниот финансиски пазар ни е потребно агилно прилагодување кон промените, заеднички труд и пристап кој ќе обезбеди конзистентност, стабилност и сигурност како за институциите така и за населението.

 

 

 

Извор: ИутеКредит Македонија

Прочитајте

Велес: Ракометно игралиште во Градскиот парк со нови трибини

0
Почнаа градежните работи за поставување на нови трибини на ракометното игралиште во Градски парк. Ќе се постави нова конструкција и седишта со што овој...