spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: Ново детско катче, за среќно и здраво детство

Илинден: Ново детско катче, за среќно и здраво детство

Во соработка со општествено одговорни компании, Општина Илинден и ЈКП „Илинден“, со цел грижа и активен однос кон својата заедница,  отворено е ново катче на ул.  „6 “во населба Илинден. Во рамки  на игралиштето е поставена заштитна ограда, детски реквизити, нишалки и лизгалки,  игралиштето е поплочено и се поставени клупи, канти за отпадоци за почиста и поубава средина.

Градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски им се заблагодари на компаниите за поддршката и изрази надеж дека и во иднина  ќе продолжи искрената соработка.

-Илинден доби ново место за игра и забава за најмладите, за безгрижно детство, иницираме можност за различни активнoсти и здрав развој, а на најмладите ќе им овозможиме дружба и поубаво  воспитување во новото  катче, истакна градоначалникот Георгиевски.

Новото детско игралиште претставува континуитет на успешните проекти на општина Илинден, нов уреден простор за рекреација и забава на најмладите во општината.

Прочитајте

Велес: Ракометно игралиште во Градскиот парк со нови трибини

0
Почнаа градежните работи за поставување на нови трибини на ракометното игралиште во Градски парк. Ќе се постави нова конструкција и седишта со што овој...