spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Стартуваше Есенскиот дел од Фудбалската Училишна лига

Карпош: Стартуваше Есенскиот дел од Фудбалската Училишна лига

По досега одиграните три кола од фудбалската училишна лига во која учествуваат основците од десетте училишта на територија на општина Карпош, екипата на ООУ „Лазо Трповски“ се наоѓа на врвот на табелата со три победи. На второто место се наоѓа тимот на ООУ „Владо Тасевски“ со две победи и едно реми, додека пак фудбалерите на ООУ „Вера Циривири  Трена“ се наоѓаат на третата позиција со два освоени меча.

Засега, на четвртото место на табелата се наоѓа кипата на ООУ „Војдан Чернодрински“, петти се фудбалерите на ООУ „Христијан Тодоровски Карпош“, шестото место му припаѓа на тимот од ООУ „Петар Поп Арсов“, седмото на екипата од ООУ „Јан Амос Коменски“, а основците од „Братство“ со една победа и два порази се најдоа на осмата позиција.

Екипите на ООУ „Димо Хаџи Димов“ и ООУ „Аврам Писевски“ во моментов се на дното на табелата, поради трите порази кои ги забележаа во самиот почеток на есенскиот дел од фудбалската училишна лига.

 

 

Извор: Општина Карпош 

Прочитајте

МЗ: Демири и Манолева – Здравствениот дом Охрид со реновирана Служба...

0
Министерот за здравство д-р Илир Демири и заменик министерката д-р Маја Манолева, денеска се во работна посета на Охрид, каде што ги посетуваат Здравствениот...