spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Ја интензивира соработката со Агенцијата за примена на јазик во делот...

МОН: Ја интензивира соработката со Агенцијата за примена на јазик во делот на преводи и лекторирање

Министерството за образование и наука ја интензивира соработката со Агенцијата за примена на јазик на РСМ. На денешната средба, министерот Јетон Шаќири и директорот на Агенцијата Илбер Села разговараа за институционалната помош за преводи и лекторирање, со цел употреба на правилна терминологија и лексика.

„Агенцијата ни даде можност да ги користиме нивните ресурси за потребите на Министерството за образование и наука, за да се обезбеди правилна употреба на албанскиот јазик. Тоа е голема помош за нас, со оглед на ограничените можности за ангажирање на преведувачи и лектори, во актуелните околности“, посочи министерот Шаќири.

На средбата присуствуваа и претставникот oд Филолошкиот факултет на Државниот универзитет во Тетово Бертон Сулејмани, професорот по албански јазик и литература од Универзитетот „Мајка Тереза“ Мустафа Ибрахими и професорот од Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ Исмет Османи.

Министерството за образование и наука, како што нагласи министерот Шаќири, останува отворено за континуирана соработка со релевантни институции, со цел постигнување квалитет во секоја од областите на работење.

 

 

 

 

 

Извор: Министерство за образование и наука 

Прочитајте