spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Конкурс за измена и дополнување на Конкурсот за доделување на стипендии...

МОН: Конкурс за измена и дополнување на Конкурсот за доделување на стипендии „Борис Трајковски“ за студии од втор циклус за пан – европската извршна МБА програма на Универзитетот Јорк за 2022-2023 година

Врз основа на Протоколот за соработка за доделување стипендии „Борис Трајковски” со наш архивски број 08-10522/1 потпишан во Скопје на 2/9/2022 година од страна на Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија и Сити Колеџ, Европскиот кампус на Универзитетот Јорк, и согласно член 55 став 1 од Законот за организација и работа на органите на државната управа (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 58/00, 44/02, 82/08, 167/10 и 51/11 и Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 96/19 и 110/19), Министерството за образование и наука распишува:

КОНКУРС

ЗА ИЗМЕНА И ДОПОЛНУВАЊЕ НА КОНКУРСОТ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ  СТИПЕНДИИ „БОРИС ТРАЈКОВСКИ” ЗА СТУДИИ ОД

ВТОР ЦИКЛУС  ЗА ПАН-ЕВРОПСКАТА ИЗВРШНА МБА ПРОГРАМА НА УНИВЕРЗИТЕТОТ ЈОРК ЗА АКАДЕМСКАТА 2022/2023 ГОДИНА

Во Конкурсот за доделување стипендии „Борис Трајковски” за студии од втор циклус  за пан-европската извршна МБА програма на Универзитетот Јорк за академската 2022/2023 година бр. 08-10522/2 од 05-09-2022 г, зборовите „23 септември 2022 година“ се менуваат и гласат „6 октомври 2022 година“.

Измената се врши поради недостапност на веб-страницата на Министерството за образование и наука, на која беше објавен Конкурсот за доделување стипендии „Борис Трајковски” за студии од втор циклус  за пан-европската извршна МБА програма на Универзитетот Јорк за академската 2022/2023 година што оневозможи масовно информирање на јавноста за Конкурсот и оттаму доведе до намален број на пријавени лица.

 

 

 

Извор: Министерство за образование и наука 

Прочитајте

Битола: Завршени потребните подготовките за прифатилиште, се чека одобрение од АХВ

0
Со вклученост на сите релевантни субјекти и средства од сопствениот буџет, Општина Битола, ги направи подготовките за отворање на прифатилиште за бездомни животни. Градоначалникот...