spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Меморандум за соработка со Француската амбасада за промоција на францускиот јазик

МОН: Меморандум за соработка со Француската амбасада за промоција на францускиот јазик

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири и Амбасадорот на Франција во Република Северна Македонија, Сирил Бомгартнер, денеска потпишаа меморандум за соработка, чија цел е заживување на наставата по француски јазик во училиштата и универзитетите во земјава.

– Со потпишувањето на меморандумот, ќе се посветиме на поттикнување на изборот на францускиот јазик во основните и средните училишта преку воспоставување на активности за негов развој, изработка на алатки за промоција на францускиот јазик и организација на настани наменети за раководните и педагошки тимови во училиштата, како и зајакнување на наставата по француски јазик во основните и средните училишта преку обезбедување на модерни технолошки помагала, организација на педагошки обуки во Франција, вмрежување на училишта од Франција, Северна Македонија и регионот, изјави министерот Шаќири.

Министерството за образование и наука, додаде министерот, ќе им ги стави на располагање на основните и средните училишта алатките за промоција на францускиот јазик, изработени во рамките на регионалниот проект на француското министерство за Европа и надворешни работи и ќе го поттикне нивното користење од страна на училиштата кај учениците и родителите.

Амбасадата на Франција пак, ќе создаде мрежа на училишта под брендот “Го сакам францускиот“.

-Училиштата од оваа мрежа ќе бидат опремени со интерактивни панели наменети за кабинетите по француски јазик,а воедно амбасадата ќе ги покрие и сите трошоци за педагошка обука во Франција на шест професори од основните и средните училишта,  кои ќе бидат одбрани врз основа на досие за кандидатура, изјави Сирил Бомгартнер, амбасадор на Франција.

 

 

 

 

Извор: Министерство за образование и наука 

Прочитајте

Јегуновце: Работна посета низ повеќе населени места

0
Градоначалникот на општина Јегуновце беше на работна посета низ повеќе населени места во општина Јегуновце каде направив увид на започнати проекти: Во завршна фаза е...