spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Повик за аплицирање во рамки на регионалната програма за размена на...

МОН: Повик за аплицирање во рамки на регионалната програма за размена на средни училишта „Суперучилишта“

Министерството за образование и наука информира дека Регионалната канцеларија за младинска соработка објави повик за аплицирање во рамки на регионалната програма за размена на средни училишта „Суперучилишта“.

Повикот претставува можност за училиштата, учениците и наставниците и има за цел да го поддржи процесот за помирување, како и интеркултурен дијалог и учење помеѓу учениците и нивните заедници. Доколку бидат избрани, средните училишта со оваа програма ќе имаат можност да спроведат училишни размени со партнерско училиште од регионот на Западен Балкан и да учествуваат во програмските активности посветени на градење на нивните капацитети, поврзување и соработка.

Повеќе информации на следниот линк:

https://www.rycowb.org/?p=13729

 

 

 

 

Извор: Министерство за образование и наука 

Прочитајте

Карпош: Прв „хотел“ за згрижување на диви пчели

0
По повод одбележување на Денот на планетета Земја во населбата Карпош 3, претставници на невладината организација ТАКТ во соработка со Општина Карпош го поставија...