Заменик-претседателот на Владата, Битиќи се сретна со новата претставничка на УСАИД, Џери Дајбл

ВладаЗаменик-претседателот на Владата, Битиќи се сретна со новата претставничка на УСАИД, Џери...

Најчитано

Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи денеска имаше средба со в.д. Шефот на мисијата во амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје, г. Ерик Мејер и новата претставничка на канцеларијата на УСАИД во Република Северна Македонија, Џери Дајбл на која разговараа за интензивирање и продлабочување на меѓусебната соработка.

Преку УСАИД – Агенцијата за меѓународен развој на САД, досега е обезбедена многу значајна помош за развојот на претприемништвото, подобрување на конкурентноста, поефикасна работа на јавната администрација и подобрување на деловното опкружување, реформите во областа на правдата, борбата против корупцијата, односно континуирана поддршка во реализацијата на реформската агенда на нашата земја.

Северна Македонија и САД се стабилни стратешки партнери во заедничките заложби за безбедност, слобода и демократски просперитет во регионот.

 

 

 

 

Извор: Влада

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе