spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиДЗС: Бруто-домашен производ на Република Северна Македонија во 2020 година -дефинитивни податоци

ДЗС: Бруто-домашен производ на Република Северна Македонија во 2020 година -дефинитивни податоци

Според дефинитивните податоци на Државниот завод за статистика добиени од годишните сметки на деловните субјекти и од други извори, бруто-домашниот производ во 2020 година изнесува 669 280 милиони денари и во однос на 2019 година е номинално намален за 3.4 %. Реалната стапка на раст на БДП во 2020, во однос на 2019 година, изнесува -4.7 %.

Најголемо учество на додадената вредност со 19.5 % во структурата на БДП, во 2020 година, имаат секторите: Е, Ж и З – Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна.

Финалната потрошувачка во 2020 година, во однос на 2019 година, номинално порасна за 0.6 %, а во структурата на БДП учествува со 82.8 %.

Учеството на извозот на стоки и на услуги во структурата на БДП во 2020 година изнесува 57.8 %.

Вредноста на инвестициите во основни средства во 2020 година изнесува 144 506 милиони денари.

Во техничката структура на инвестициите во основни средства, градежните работи учествуваат со 58.6 %, машините и опремата со 31.5 %, а останатите инвестиции со 9.9 %.

 

 

 

 

 

Извор: Државен завод за статистика 

Прочитајте

Премиерот Мицкоски оствари средба со Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта

0
Денес во Минхен, Претседателот на Владата Христијан Мицкоски оствари средба со Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта.  На средбата се разговараше за европските интеграции, за...