spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиДЗС: Бруто-домашен производ на Република Северна Македонија во 2021 година -претходни податоци

ДЗС: Бруто-домашен производ на Република Северна Македонија во 2021 година -претходни податоци

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика добиени од годишните сметки на деловните субјекти и други извори, бруто-домашниот производ во 2021 година изнесува 720 414 милиони денари и во однос на 2020 година e номинално зголемен за 7.6 %. Реалната стапка на раст на БДП во 2021, во однос на 2020 година, изнесува 3.9 %.

Најголемо учество на додадената вредност со 19.3 % во структурата на БДП во 2021 година имаат секторите: (Е, Ж и З) Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна.

Финалната потрошувачка во 2021 година во структурата на БДП учествува со 83.7 %.

Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во 2021 година, номинално расте за 10.4 %, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ изнесува 67.7 %.

Учеството на извозот на стоки и на услуги во структурата на БДП во 2021 година изнесува 66.2 %.

Вредноста на инвестициите во основни средства во 2021 година изнесува 162 392 милиони денари.

Во техничката структура на инвестициите во основни средства, градежните работи учествуваат со 55.2 %, машините и опремата со 35.3 %, а останатите инвестиции со 9.5 %.

 

 

Извор: Државен завод за статистика 

Прочитајте