spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиДЗС: Индекси на индустриското производство, август 2022 година

ДЗС: Индекси на индустриското производство, август 2022 година

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во август 2022 година, во однос на август 2021 година, изнесува 100.2.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во август 2022 година, во однос на август 2021 година, бележи пораст од 2.4 %, во секторот Преработувачка индустрија пораст од 2.5 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 11.5 %.

Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели: Производство на пијалаци, Производство на текстил, Производство на облека, Производство на хемикалии и хемиски производи, Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, Производство на електрична опрема, Производство на машини и уреди, неспомeнати на друго место и Производство на моторни возила, приколки и полуприколки.

Според главните индустриски групи, производството во август 2022 година, во однос на август 2021 година, бележи пораст кај Капитални производи за 13.1 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 12.8 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3.6 %, додека опаѓање бележи кај Енергија за 9.4 % и Интермедијарни производи, освен енергија за 4.8 %.

Индексот на индустриското производство во периодот јануари – август 2022 година, во однос на периодот јануари – август 2021 година, изнесува 101.1.

 

 

 

 

 

 

Извор: Државен завод за статистика

Прочитајте

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни...

0
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја...