spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаМаричиќ-Лирман: Фокус на реформите и заедничка посветеност на патот кон ЕУ

Маричиќ-Лирман: Фокус на реформите и заедничка посветеност на патот кон ЕУ

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, денес имаше средба со министерката за Европа при Министерството за надворешни работи на Германија, Ана Лирман, на која разговараа за билатералните односи меѓу двете земји, политичката состојба во регионот и неговата европска перспектива.

– Сојузна Република Германија останува наш партнер и силен поддржувач на евроинтегративниот процес. Заеднички ќе одговориме на предизвиците кои нѐ очекуваат оваа зима и ќе ги надминеме со добра координација и соработка, рече вицепремиерот Маричиќ.

Тој на средбата упати благодарност до министерката Лирман за континуираната поддршка, потенцирајќи дека ја цени поддршката што последователно и јавно беше дадена за напредокот што го постигнаа Северна Македонија и Албанија.

Министерката Лирман ја потврди германската поддршка за земјава за успешен процес на преговори, посочувајќи дека земјата треба да остане фокусирана на европскиот пат со брзо спроведување на реформите кон исполнување на стратешката цел членство во ЕУ.

Во продолжение на средбата вицепремиерот Маричиќ ја информираше министерката Лирман дека минатата недела беа завршени објаснувачките состаноци за кластерот Темели, а утре веќе отпочнува објаснувачкиот скрининг за внатрешниот пазар на кластерите.

Вицепремиерот Маричиќ и министерката Лирман разменија мислења и околу билатералните односи помеѓу двете земји, изразувајќи очекување дека ќе бидат продлабочени во претстојниот период и тоа во вид на поддршка за процесот на преговори, во областите во кои е потребно.

Денес и утре вицепремиерот Маричиќ ќе биде во работна посета на Стразбур, каде се обрати на 20-тиот состанок на Мешовитиот парламентарен комитет помеѓу Северна Македонија и ЕУ, по точката: „Размена на мислења со претставницина Владата на Република Северна Македонија, Советот на ЕУ и Европската комисија за односите меѓу Република Северна Македонија и ЕУ“, заедно со министерот за европски прашања на Република Чешка, Микулаш Бек, Микела Матуела,  вршителот на должноста директор за Западен Балкан во Генералниот Директорат за соседство и преговори за проширување на Унијата, Елза Фeнет, раководителката на Одделот „Западен Балкан“ во Европската служба за надворешни работи и европратеникот и постојан известувач за Северна Македонија во Европскиот парламент, Илхан Ќучук.

 

 

Извор: Секретаријат за европски прашања 

Прочитајте

Јегуновце: Работна посета низ повеќе населени места

0
Градоначалникот на општина Јегуновце беше на работна посета низ повеќе населени места во општина Јегуновце каде направив увид на започнати проекти: Во завршна фаза е...