spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТСП: Повисоки плати за 15% за носителите на дејноста во градинките, продолжуваме...

МТСП: Повисоки плати за 15% за носителите на дејноста во градинките, продолжуваме со инвестирање во детската заштита

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска на денешното гостување во утринската програма на Телевизија 24, зборуваше и за состојбите во градинките кои се поврзани со енергетската криза како и платите во градинките.

„Плата на вработените во градинките и плата на вработените во образованието преку дотации ги исплаќа Владата, односно оние во градинките ги исплаќа Министерството за труд и социјална политика, додека оние во образование ги исплаќа и Министерството за образование и наука“, рече Тренчевска.

Таа посочи дека општините како основачи на градинките и училиштата се должни да се грижат за комуналиите и останатите трошоци за детските градинки, како и дека дел од материјалните трошоци, покрај платите, со блок дотации ги обезбедува и МТСП.

„Детските градинки не се на индустриска струја, односно плаќаат струја како домаќинствата на регулиран пазар, значи сметките на градинките не се големи. Секој родител плаќа одредена сума за своето дете, тие пари одат на посебна сметка на градинките, односно во општините. Тие пари се за да можат да обезбедат храна како и за останатите трошоци кои произлегуваат од работењето на градинката“, изјави Тренчевска.

Министерката истакна дека има пари за плати и материјални трошоци со економично трошење и со поголема посветеност од страна на градоначалниците. Таа посочи дека градинките ќе продолжат да работат и понатаму. Исто така се осврна на поуката од КОВИД кризата и затворањето на градинките што предизвика проблеми кај родителите при згрижувањето на нивните деца.

Дискусијата продолжи во насока на решавање на предизвиците со капацитетите во градинките со кој се соочува особено Градот Скопје.

 

Министерката посочи дека наскоро ќе се отвори градинката во Волково, а додека од неодамна е отворена нова градинка во Кисела Вода со зголемени капацитети.

„Општините се проактивни и предлагаат проекти за изградба на нови градинки и проширување на постоечките со финансиски средства од Министерството преку капитални инвестиции во детските градинки. Правиме се за да се намалат листите на чекање. Досега имаме изградено 71 градинка, новите градинки се енергетски ефикасни, по сите европски и меѓународни стандарди со што заштедата на електричната енергија ќе биде голема“, рече Тренчевска.

Таа посочи дека до крајот на годината се очекува да се отворат уште 13 градинки со што директно се одговара на предизвикот со кој се соочуваат родителите.

Министерката изјави и дека доставените проекти кои ги исполнуваат стандардите напишани во правилниците пристапено е кон потпишување на договор за нова градинка.

Министерката ја истакна одличната соработка со сите градоначалници која се потврдува со големиот број на состаноци со нив. Таа посочи дека детската заштита не трпи политика, затоа што секое дете заслужува да биде дел од јавните детски установи.

„Онаму каде што е прекршен законот, каде што не се постапува од страна на градинката согласно Законот за социјална заштита, тогаш преку инспекциски надзор се утврдуваат неправилностите и според решенијата од инспекторите постапува Министерството за труд и социјална политика“, изјави Тренчевска.

Таа дополни дека заедно со градоначалниците остануваат посветени во зголемување на капацитетите на градинките во општините. Во однос на блок дотациите таа посочи дека има пари во буџетот и дека платите редовно се исплаќаат и истите ќе бидат зголемени за 15%.

 

 

 

Извор: Министерство за труд и социјална политика 

Прочитајте

Гевгелија: Акција за чистење на одводните канали во градот и населените...

0
Во тек е акцијата за чистење на одводните канали во градот и населените места. По изборот на економски оператор, се чистат одводните канали и...