spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Обезбедени средства за доизградба на системите за водоснабдување во н.м Никуштак...

МЖСПП: Обезбедени средства за доизградба на системите за водоснабдување во н.м Никуштак и н.м. Виштица во општина Липково

На 86-та Седница, Владата на Република Северна Македонија ја усвои Информацијата за повеќегодишна јавна набавка за финансирање на активности за водоснабдување на н.м. Никуштак – дистрибутивна мрежа со приклучување кон водоснабдителниот систем Липково и Информацијата за повеќегодишна јавна набавка за финансирање на активности за водоснабдување на н.м.Виштица – главна водоводна мрежа со приклучна шахта од водоснабдителниот систем Липково.

 

Со тоа се обезбедија средства од Буџетот на МЖСПП за 2023 година потребни за доизградба на двете водоводни мрежи со што и двете села од општина Липково ќе се приклучат кон регионалниот водоводен систем.

 

 

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање 

Прочитајте

АФПЗРР: Соопштение за исплата на органско производство за 2023 година

0
 Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денес изврши исплата кон 811 лица со вкупен износ 61.219.350,00 денари за мерката Органско производство за 2023 година. Корисници...