МЖСПП: Оџаклиеска ја отвори воведната работилница за изработка на Локални Акциони Планови за животна средина

МинистерстваМЖСПП: Оџаклиеска ја отвори воведната работилница за изработка на Локални Акциони Планови...

Најчитано

Заменик министерката за животна средина и просторно плaнирање Христина Оџаклиеска, учествуваше на воведната работилница за изработка на Локални Акциони Планови за животна средина (ЛЕАП), која се одржа во рамки на Проектот „Промовирање на одржливо управување со земјиштето, преку зајакнување на правната и институционалната рамка, градење на капацитети и реставрација на најранливите планински предели“.

 

Во своето обраќање, заменик министерката Оџаклиеска истакна дека, во текот на имплементацијата на проектот, ќе се спроведуваат активности за изработка на патоказ  кон обезбедување на одржлива, хумана, просперитетна средина за граѓаните и идните генерации, а тоа се Локалните Акциони Планови за животна средина, кои ќе бидат подготвени за општините Арачиново, Сарај, Желино и Јегуновце. За општините Липково и Гази Баба, кои веќе имаат подготвено ЛЕАП документи, ќе се подготват Планови за заштита од ерозија и поплавни води, со цел зачувување на земјиштето како важен ресурс.

– Еден новитет кој ќе придонесе кон целокупниот проект, е и компонентата за искористување на земјиштето и вреднување на екосистемските услуги за шумски и тревни екосистеми на подрачјето на шест општини: Арачиново, Гази Баба, Липково, Сарај, Јегуновце и Желино. Овие општини се одбрани како едни од поранливите во однос на искористувањето и деградацијата на земјиштето. За нив ќе се прави проценка на екосистемските услуги за екосистемите на шуми и пасишта, со цел да се даде придонес кон нивните напори за одржливо управување со земјиштето, а со посебен фокус на шумите и пасиштата – рече Оџаклиеска.

Според неа, намерата е да се развие и зајакне националната политика и институционалниот капацитет за одржливо управување со земјиштето и да се придонесе кон постигнување на националната цел за неутралност за деградација на земјиштето со интегрирано управување со пределот во северозападните планински екосистеми на Северна Македонија.

2-3

Проектот е финансиски поддржан од страна на Глобалниот Еколошки Фонд, а е имплементиран преку УНЕП Програмата на ООН и Министерството за животна средина и просторно планирање.

Негова крајна цел е намалување на деградацијата на земјиштето и воспоставување на систем на интегрирано управување со природните ресурси во нашата земја, со што и ние ќе дадеме конкретен придонес кон глобалната заштита на животната средина.

 

 

 

 

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе