spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАХВ: Бабовски претседавач со сесија на Светската организација за здравствена заштита на...

АХВ: Бабовски претседавач со сесија на Светската организација за здравствена заштита на животните (WOAH)

Директорот на Агенција за храна и ветеринарство Николче Бабовски во Катана, Република Италија, како претставник од Република Северна Македонија, за прв пат претседавеше со сесија на Светската организација за здравствена заштита на животните (WOAH), – Анализа на здравствената состојба кај животните во Европа во 2021/2022 година, што претставува своевидно признание за активната вклученост на државава на полето на здравствената заштита на животните и на посветеноста  и професионалноста во работењето на вработените во Агенцијата за храна и ветеринарство. На триесеттата конференција на (WOAH) која се одржува од 3 до 7 октомври, акцент во дискусиите ставен е на темите од областа на благосостојбата на животните, официјалните контроли, концептот “Едно здравје” и неговата операционализација во Европа, условите за превоз на животни на долги релации, како и темата посветена на дигитализацијата на ветеринарните услуги.

 

OIE

Посебен акцент на конференцијата е ставен на исклучително важната тема за се поактуелната состојба со болеста Африканска чума кај свињите во европски и светски рамки, како болест која предизвикува огромни загуби во свињарството. Оваа и темата за успешноста на вакцинацијата против птичји грип, на конференцијата предизвикаа исклучително големо внимание кај учесниците, како актуелни области од здравствената заштита на животните со кои се бори Европа и светот и за кои се бараат нови, соодветни решенија за справување. 

 

OIE 2

 

 

 

Извор: Агенција за храна и ветеринарство 

Прочитајте