spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАФПЗРР: Исплатени се субвенциите за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо...

АФПЗРР: Исплатени се субвенциите за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко

Денеска на сметките на 5.851 млекопроизводители се исплатени вкупно 89.455.245,00 денари за мерката 2.3 која ги опфаќа директните плаќања за произведено и предадено кравјо , овчо и козјо млеко.

Исплатите се однесуваат на предадено млеко во месеците јуни и јули 2021 година согласно пријавените количини од страна на преработувачките капацитети.

Корисници на оваа поддршка се земјоделските стопанства регистрирани како одгледувачи на говеда, овци и кози во Регистарот на одгледувалишта. Висината на директните плаќања изнесува 3.5 денари по литар произведено и предадено кравјо млеко во преработувачки капацитети запишани во регистарот на откупувачи на земјоделски производи и 4.5 денари по литар за произведено и предадено овчо и козјо млеко.

“Продолжуваме со исплата на финансиската поддршка за млекопроизводителите. Во месец Октомври се исплатени предадените количини за 5 месеци, а во следниот период ќе се изврши поддршката за предадените количини за август и септември. Исто така, АФПЗРР се спрема за исплата на финансиската поддршка за предадените градинарски и овошни култури,, – информира директорот Бачовски.

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој продолжува со обработка на барањата за финаниска поддршка од програмата за директни плаќања со што континуирано ќе продолжи и исплатата на мерките.

 

 

Извор: Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој 

Прочитајте

Јегуновце: Работна посета низ повеќе населени места

0
Градоначалникот на општина Јегуновце беше на работна посета низ повеќе населени места во општина Јегуновце каде направив увид на започнати проекти: Во завршна фаза е...