Државната комисија за спречување на корупцијата активно учествуваше во обуките на претставници на општините и локалните јавни претпријатија од Битола, Кичево, Куманово, Неготино, Струмица, Тетово, Чаир и Штип реализирани од мај до октомври оваа година.
Обуките се дел од проектот „Заштита од корупција“ што се спроведува од страна на Центарот за граѓански комуникација и истите треба да им помогнат на општинската администрација и на вработените во локалните јавни претпријатија за воведување систем за интегритет, за зголемување на транспарентноста, како и проценка на ризиците од корупција во јавните набавки и нивно намалување.
Претседавниците на ДКСК на овие обуки говореа за значењето на спречувањето и борбата со корупцјата на локално ниво.