spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиДЗС: Даноци за животната средина, 2020 година – претходни податоци

ДЗС: Даноци за животната средина, 2020 година – претходни податоци

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2020 година, во Република Северна Македонија биле платени даноци за животната средина во износ од 12 633.2 милиони денари, што е за 7.9 % помалку отколку во 2019 година. Најголемо намалување бележат даноците за загадување во секторот Рударство и вадење на камен. Во 2020 година, најголемо учество во даноците за животната средина имаат даноците за енергенти со 67.3 %, по што следат даноците за транспорт со 31.7 % и даноците за загадување со 1.0 %.

Учеството на даноците за животна средина во бруто-домашниот производ во 2020 година е 1.9 % и е непроменето во однос на 2019 година.

 

 

Извор: Државен завод за статистика

Прочитајте

Велес: Градежни зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“

0
Почнаа градежните зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“ на Којник. Во соработка со ЈКП Дервен ќе се заменува старата дотрајана водоводна мрежа на улицата, а...