spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМФ: Јавна консултација во делот на заштита на животната средина и социјалните...

МФ: Јавна консултација во делот на заштита на животната средина и социјалните аспекти „Градење ефективни, транспарентни и отчетни институции за управување со јавните финансии во Северна Македонија“

Министерството за финансии на Република Северна Македонија ја известува заинтересираната јавност дека планира да го реализира проектот „Градење ефективни, транспарентни и отчетни институции за управување со јавните финансии во Северна Македонија“.

Финансирањето на овој проект се планира да се обезбеди со средства од Светска банка со кофинансирање од ЕУ. Согласно барањата што произлегуваат од проектот во врска со делот на заштитата на животната средина и социјалните аспекти, уште во раната фаза на подготовка на проектниот документ и процесот на одобрување, ќе се одржи јавна консултација со засегнатите страни за следните документи:

  • План на заложби за животната средина и социјалните аспекти (МК, АНГ, АЛБ)
  • Постапки за управување со работната сила (МК, АНГ, АЛБ)
  • План за ангажирање чинители (МК, АНГ, АЛБ)

 

Наведените документи на македонски, англиски и албански јазик се достапни на увид во просториите на Министерството за финансии.

Јавната консултација за горенаведените документи за наведениот проект, во делот на заштита на животната средина и социјалните аспекти, ќе се одржи во просториите на Министерството за финансии, на 21.10.2022 година (петок) со почеток во 10:00 часот. Ве молиме да го најавите Вашето учество на долунаведената електронска адреса.

 

Забелешки и/или коментари по однос на документите може да се достават на самата јавна консултација и/или во писмена форма, најдоцна до 21.10.2022 година, на следната адреса:

Министерство за финансии

ул. „Даме Груев“ бр. 12, 1000 Скопје, РС Македонија

Лица за контакт:

Sulejman Qazimi

Тел.. 3 255 337

е-mail: sulejman.qazimi@finance.gov.mk.

 

 

 

 

Извор: Министерство за финансии

Прочитајте

Премиерот Мицкоски оствари средба со Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта

0
Денес во Минхен, Претседателот на Владата Христијан Мицкоски оствари средба со Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта.  На средбата се разговараше за европските интеграции, за...