УЈП: Заеднички преку регионална поврзаност до креирање на стабилност во регионот во услови на економски предизвици

Самостојни органиОргани во составУЈП: Заеднички преку регионална поврзаност до креирање на стабилност во регионот во...

Најчитано

 

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска учествуваше на Самитот на министри за финансии, гувернери и директори на даночните администрации од Словенија, Хрватска, Црна Гора Србија, Албанија и Република Северна Македонија кој традиционално секоја година се одржува во Бечиќи, Црна Гора.

Тема на овогодинешниот самит е „Финансиска и монетарна стабилност во регионот во услови на изразени геополитички ризици“.

Самитот го отвори Александар Влаховиќ – претседател на Сојузот на економисти на Србија, кој истакна дека од исклучителна важност е да има размена на мислења меѓу земјите од регионот и заедничко концепирање на фискалната и монетраната политика во период на геополитички и економски предизвици.

Ова, како што истакнаа учесниците на Самитот е посебно важно, затоа што економиите на Балканот се меѓусебно поврзани и потребно е да се креираат услови и да се предвидат мерки како без големи бариери да се продолжи за да се продлабочи меѓусебната соработка.

Директорката Лукаревска во своето излагање истакна дека економиите од Балканот меѓусебно се тесно поврзани и продлабочувањето на соработката е добредојдена за сите земји од регионот. „Како даночни администрации во моментов имаме исклучително важна улога во обезбедувањето на основата за стабилност на јавните финансии на нашите земји. Заради специфичните услови во кои се наоѓаме, исправени сме пред голем предизвик, да се носат конзистентни политики и реформи. Вложуваме во осовременување на даночната администрација и посветено соработуваме и ги унапредуваме соработките со даночните   администрации од регионот. “ – истакна, директорката Лукаревска.

На конференцијата, освен министрите за финансии, гувернерите и директорите на даночните администрации, учествуваа и бројни експерти од Србија, Црна Гора, Албанија, Северна Македонија, БиХ, Хрватска и Словенија, како и претставници на Европската инвестициска банка (ЕИБ), ММФ, комерцијалните банки, осигурителните компании и најголемите компании во регионот. Самитот на министри за финансии, гувернери и директори на даночните администрации се оддржува по деветти пат.

 

 

Извор: Управа за јавни приходи 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе