spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниШтип: Претставник од општината на Седмата Конференција во рамки на Spring ...

Штип: Претставник од општината на Седмата Конференција во рамки на Spring – solidarity in progress

Во периодот од 20 до 23 септември 2022 година,еден  претставник од Општина Штип учествуваа на Седмата Конференција во  градот Динге Лес Баинс, Република Франција, која се одржа во рамки на проектот Spring  – solidarity in progress , финансиски поддржан од Европската Унија.

Во проектот учесучествуваат  7 држави: Италија, Полска, Македонија, Германија, Шпанија, Бугарија и Франција. Целта на проектот е размена на искуства и најдобри практики во услови на криза.

Главен фокус  на седмата средба  од проекот беше ставен на солидарноста и помагање на социјално загрозените семејства за време на кризата и како искуството и научените лекции можат да бидат  корисни.

Претставникот од Општина Штип имаше изготвено презентација за  искуствата стекнати во текот на двегодишната пандемија и како сме им помогнале на социјално загрозените семејства.

На крајот на конференцијата беше најавено дека следната средба ќе се одржи во Бад Мергентеим, Германија во периодот од 06 до 09 декември 2022 година.

 

 

 

 

Извор: Општина Штип 

Прочитајте

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни...

0
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја...