spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниВаландово: Договор за регулација во суводолница во Горна Мала Јосифово

Валандово: Договор за регулација во суводолница во Горна Мала Јосифово

 

Заедно со директорот на Бирото за регионален развој Рамиз Реџепи, градоначалникот на општина Валандово Перо Костадинов потпиша договор за реализација на инфраструктурен проект во општина Валандово.

Се работи за проектот „Регулација на суводолица покрај локален пат“ кој ги поврзува Јосифово и Горна Мала и кој е дел од јавниот повик на БРР за развој на селата во нашата држава.

Имплементацијата на истиот, ќе се реализира со рамномерно финансиско учество на Општина Валандово и Бирото за регионален развој.

Целта е, да се регулираат суводолиците покрај Горна мала, со каскаден систем за атмосферски води и да се заштитат земјоделските површини и имотите во двете населени места, од поплави.

 

Извор: Општина Валандово

Прочитајте

Јегуновце: Работна посета низ повеќе населени места

0
Градоначалникот на општина Јегуновце беше на работна посета низ повеќе населени места во општина Јегуновце каде направив увид на започнати проекти: Во завршна фаза е...