spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниВаландово: Младите во Фокусот

Валандово: Младите во Фокусот

Во Општина Валандово се одржа работен состанок како дел од иницијативата „Младите во фокусот“, покрената од собранискиот Клуб на млади пратеници, за поголема вклученост на младите луѓе во процесот на одлучување, во различните нивоа на власт во нашето општество.

На работниот состанок, присуствуваа:

– Моника Зајкова, пратеничка и координаторка на собранискиот Клуб за младински политики;
– Бојан Кордалов, комуниколог и претседател на ИДУЕП;
– Тоше Зафиров, коавтор на Прирачник „Дигитална трансформација кон е-општини“ на ИДУЕП и ФНФ;
– Илија Џугуманов, генерален секретар на Евро-Атлантски совет;
– Клаус Рихтер, тим лидер на Проект „ЕУ за општините“;
– Бент Николајсен, фондација ДЛДП од Данска;
– Јелена Мишиќ, извршна асистентка во ЛИС;
– Иван Дургутов, правник во ЛИС;
– претставници од Советот на општина Валандово;

Се одржа и интерактивна работилница со претставници и претставнички на младински организации и институции кои работат со млади, на тема „Info vs. Disinfo“, во рамки на Проектот „Градење на отпорност кон дезинформациските практики” кој го спроведува Евро-Атлантскиот Совет, со поддршка на НАТО секторот за јавна дипломатија и ИДУЕП.

На настаните се дискутираше за суштинските проблеми со кои се соочуваат младите луѓе во нашата држава, се потенцираа вистинските потреби и учесниците заеднички креираа заклучоци, кои имаат за цел да ги унапредат состојбите.

Младите се силата, неопходна за позитивните промени во општеството. Преку поголема вклученост во процесите и можност да превземат одговорност, заедницата може да напредува.

 

 

 

Извор: Општина Валандово 

Прочитајте

Јегуновце: Работна посета низ повеќе населени места

0
Градоначалникот на општина Јегуновце беше на работна посета низ повеќе населени места во општина Јегуновце каде направив увид на започнати проекти: Во завршна фаза е...