spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: Нова бесплатна интернет зона

Илинден: Нова бесплатна интернет зона

Општина Илинден  за своите граѓани обезбеди бесплатен интернет пристап во комплетна должина на пешачката и велосипедска патека  Марино-Кадино.

Согласно својата програма за работа, од денеска е обезбеден бесплатен безжичен интернет на  патеката во целосната нејзина должина.

 

Определбата на Општина Илинден е да им овозможи бесплатни услуги на своите граѓани неопходни во секојдневното функционирање за лична употреба.

Претходно, Општина Илинден овозможи бесплатен интернет во културните домови во Илинден, Марино, Кадино и Миладиновци, како и на фудбалското игралиште во Кадино.

Општина Илинден најавува дека во следниот период ќе овозможи  нови бесплатни интернет зони и на други на локации  на територијата во општината.

Прочитајте

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни...

0
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја...