spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Студиски престој во Београд

МИОА: Студиски престој во Београд

Претставници на Министерството за информатичко општество и администрација и претставник од Канцеларијата на претседателот на Владата на Република Северна Македонија престојуваа во тридневна посета на Министерството за државна управа и локална самоуправа на Република Србија како дел од програмата „Шема за мобилност“ на РЕСПА.
Целта на оваа посета беше да се запознаеме со процесот на реформа на јавната администрација во однос на Стратегијата за реформа на јавната администрација и Програмата за развој на електронската администрација во Србија, како и со решенијата за подобрување во областа на човечките ресурси и професионалниот развој на вработените во јавната администрација. Имајќи предвид дека МИОА е во процес на подготовка на нова Стратегија за реформа на јавната администрација беше потребно да се споделат и запознаат искуствата на Република Србија во процесот на реформата на јавната администрација.
За време на престојот се посетија неколку институции и тоа: Одделот за РЈА, Одделот за е- Влада, СКИП Центарот, Секторот за човечки ресурси, Секторот за професионален развој при Министерството за државна управа и локална самоуправа на Република Србија, Националната академија за јавна администрација, Републичкиот секретаријат за јавни политики, како и Канцеларијата за информатички технологии и електронска управа.

Прочитајте

МТВ: Николовски – Од Скопје ќе се лета до Женева и...

0
Ве информираме дека од Меѓународниот аеродром Скопје се воведуваат уште две нови авиолинии и тоа: Скопје -Женева Скопје-Париз (аеродром Орли) Овие две дестинации се воведуваат на барање...