Заменик министерката за животна средина и просторно плaнирање Христина Оџаклиеска, денеска, учествуваше на отворањето на изложбата „Современи екосистеми– потрага помеѓу уметноста и екологијата во Северна Македонија“ на италијанските уметници Антонио Масаруто и Роберто Геци. Истата се одржува по повод италијанскиот ден на современата уметност (8 октомври) и претставува еден вид на современ и уникатен спој на уметност и екологија.
Изложбата е во организација на Амбасадата на Италија во Скопје и Италијанскиот институт за култура во Белград, во соработка со Музејот за современата уметност во Скопје, со поддршка од Министерство за култура и Министерство за животна средина и просторно планирање, а во соработка и со Националниот парк Шар Планина, планинарскиот клуб „Љуботен“ и Македонското еколошко друштво.
Уметничките дела ќе бидат изложени до 26 октомври 2022 година.
На отварањето обраќања имаа и амбасадорот на Италија, Н.Е. Андреа Силвестри и претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски.
Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање