spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниДемир Хисар: Договор за финансирање на проекти

Демир Хисар: Договор за финансирање на проекти

Во просториите во Биро за регионален развој на Република Македонија, во петокот, градоначалникот на Општина Демир Хисар, со директорот Рамиз Реџепи, потпишаа договори за финансирање на следниве проекти:

.

1. Подобрување на безбедноста на сообраќајот на регионалниот пат Р1305/улица низ Демир Хисар, преку модернизација на јавното осветлување, доделени средства во висина од 2.000.000,00 денари;
2. Подобрување на условите за живеење во с. Света, Општина Демир Хисар, преку реконструкција на улица – доделени средства во висина од 2.000.000,00 денари;
3. Создавање предуслови за инфраструктурна поврзаност на н.м. Журче со Регионален пат Р1306 – вредност на проектот 677.320,00 денари, доделени средства од БРР во висина од 330.000,00 денари.
.
– Со имплементација на овие проекти создаваме подобри услови за живот во нашата општина, но и одговорно и посветено работиме во интерес на нашите сограѓаните. Ги решаваме реалните проблеми со кои се соочуват граѓаните, а, исто така, интензивно ќе продолжиме во понатамошниот период да работиме за реализација на проекти кои ќе придонесат за подобра и поквалитетна инфраструктура на територијата на Општина Демир Хисар, истакна градоначалникот Најдовски.

Прочитајте

Велес: Градежни зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“

0
Почнаа градежните зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“ на Којник. Во соработка со ЈКП Дервен ќе се заменува старата дотрајана водоводна мрежа на улицата, а...