spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМаркетингЕСП СКОПЈЕ: Позитивни придобивки од учење на нови вештини

ЕСП СКОПЈЕ: Позитивни придобивки од учење на нови вештини

Дали сте забележале како се чувствувате секогаш кога ќе научите нешто ново? Постои чувство на исполнетост и самодоверба, зарем не?

Сѐ повеќе се истражува на оваа тема, но и се докажуваат сите (досега забележани) позитивни придобивки од учењето на нови вештини. Всушност, се смета дека изборот – учење на нова вештина е најдобрата инвестиција во себе.

Според одредени истражувања, доколку слободното време или, пак, времето во кое сме непродуктивни и полни со досада, го пренасочиме со фокус кон учење на нешто ново, позитивно влијае на целокупното психофизичко здравје.

Со тоа стануваме позитивен пример на луѓето околу нас. На некој начин дејствуваме „заразно„ со иницијативата, проактивноста и енергијата.

НОВИТЕ ВЕШТИНИ НАСПРОТИ СТРАВОТ

Ако стравот е најголемиот непријател на човекот, тогаш изучувањето на нови вештини е најдобриот начин да му се спротивставиме. Многу често се случува недостатокот на одредени вештини и знаења дополнително да го поддржува стравот, а со тоа и нас лично не враќа чекори наназад од работите што долго време сме ги посакувале. Што можеме да

направиме ?

Ајде, читајќи го овој блог да се охрабриме и да започнеме со учење на нешто ново, па макар и нешто мало што нема да ни одземе многу време, како за почеток! Со сигурност ќе ги почувствувате сите позитивни придобивки од учењето на нови вештини. Исто така, со текот на времето овој мал чекор со сигурност , ќе ве охрабрува да продолжувате во личната  надградба.

pozitivni-pridobivki-od-uchenje-novi-veshtini

4 ПОЗИТИВНИ ПРИДОБИВКИ ОД УЧЕЊЕ НА НОВИ ВЕШТИНИ

Има многу позитивни придобивки од учење на нови вештини, но ако ги сумираме и групираме може да издвоиме 4 кои се важни за добробитот на личноста и човекот.

1.   Го подобрува функционирањето на умот и меморијата.

2.   Ја зголемува менталната благосостојба и среќа.

3.   Негува врски со другите на поинакво ниво.

4.   Ве одржува во чекор со напредокот на различни полиња.

4 ПРИЧИНИ ЗА УЧЕЊЕ НА НОВИ ВЕШТИНИ

Секако, постојат и причини зошто е добро да практикуваме учење на нови вештини. Па така, ако погоре наброивме кои се позитивните придобивки, сега можеме да погледнеме и зошто е добро да учиме нови вештини.

1.   Поттикнува мотивација

-Малите победи во денот се силни мотиватори кои доколку се нанижат едно по друго и се во континуитет, ќе не поддржат во градењето на здрави навики.

2.   Исполнето и продуктивно време

– Имаме избор и можеме да одлучиме како ќе го поминеме слободното време, дали скролајќи на телефон или, пак, во учење на нешто ново со кое ќе бидеме

во тек со времето, иновациите и информациите.

3.   Подобрува самодоверба

-Надградбата на знаењето е силно поврзана со растот на самодовербата на многу полиња и аспекти од животот. Почнувајќи од самодовербата да аплицираме за работата која отсекогаш сме ја сакале па сѐ до комуникација со блиските луѓе.

4.   Нѐ прави флексибилни и адаптивни

-Новите вештини, знаења и практики нѐ прават повешти и снаодливи во новите ситуации. Вмрежувањето со информации и луѓе ни отвораат нови врати и перспективи.

Читајќи го овој блог заедно наброивме и заклучивме колку е важно за нас самите, да учиме нови вештини. Тимот на ЕСП ве охрабрува да ја погледнете нашата палета на услуги со кои ќе го поддржиме вашиот раст и развој.

Контактирајте нѐ за повеќе информации околу есенските уписи за јазичните и компјутерските курсеви, но и обуките за професионален и личен раст и развој.

 

 

Извор: ЕСП СКОПЈЕ

Прочитајте

Битола: Завршени потребните подготовките за прифатилиште, се чека одобрение од АХВ

0
Со вклученост на сите релевантни субјекти и средства од сопствениот буџет, Општина Битола, ги направи подготовките за отворање на прифатилиште за бездомни животни. Градоначалникот...