spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаКовачевски на 24 Анализа: Буџетот на државата е ликвиден, редовно се исплаќаат...

Ковачевски на 24 Анализа: Буџетот на државата е ликвиден, редовно се исплаќаат плати и пензии

Премиерот Димитар Ковачевски во интервју за 24 Анализа истакна дека Буџетот на државата е ликвиден, се врши редовна исплата на пензиите, платите, а се реализираат и мерките кои Владата ги има проектирано, како и мерките од последниот пакет на антикризни мерки за најранливите категории на граѓани. Премиерот Ковачевски појасни дека во услови на криза се прави и пренамена на средства и дека секоја промена во Буџетот оди како ребаланс или како прераспределба, која исто така ја спрема Владата и се поднесува во Собранието.

„Сега над 100 милиони евра се кратат одредени трошоци за кои сметаме дека не се неопходни во услови на криза, за да се пренаменат за справување со кризата односно обезбедување на се што е потребно за непречено снабдување со електрична енергија со храната и исплата на антикризните мерки. Тоа значи дека приходите на Буџетот, задолжувањето кое го направивме како и дефицитот што е проектиран обезбедуваат исплата и финансирање на сите овие издатоци кои се предвидени“, рече премиерот Ковачевски и додаде дека оние трошења во делот на капиталните инвестиции кои не се потрошени во текот на изминатите три квартали се одземаат од корисниците и се пренаменуваат таму каде што можат подобро да се искористат.

Премиерот Ковачевски истакна дека вкупната сума која што од Буџетот ќе биде исплатена надминува 220 милиони евра само за субвенционирање на електричната енергија која ја плаќаат граѓаните, поточно 610.000 домаќинства во државата и 72.000 мали и средни претпријатија до 50 вработени со обрт до два милиони евра, а тоа се компании кои вработуваат 98% од вработените во нашата држава.

„Субвенционирањето на струјата значи дека ќе има нов издаток од Буџетот. Тоа го правиме во трет наврат до крајот на годината. Тоа значи дека доколку не е таа субвенција којашто државата ја дава преку ЕСМ, сметките на граѓаните би биле пет пати поголеми од тоа што го плаќаат“, рече премиерот Ковачевски и додаде дека со оваа интервенција на Владата се задржува ликвидноста на системот.

 

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Велес: Градежни зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“

0
Почнаа градежните зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“ на Којник. Во соработка со ЈКП Дервен ќе се заменува старата дотрајана водоводна мрежа на улицата, а...